Компанијата „Телекабел“ информираше дека многу скоро ќе почнат со нова услуга, мобилна телефонија, а префиксот ќе биде 074.
„Интензивно работиме на последните подготовки и наскоро ќе бидат објавени пакетите кои ќе ги понудиме. Како и сите услуги до сега, нема обврзувачки договори“, велат од таму. Предвидено е броевите да почнуваат со 600, 601, 602, 603, се разбира по префиксот 074.
Новина во „Телекабел“ е што интернетот кој граѓаните го користат во основен пакет од 500 денари веќе е со двојно поголема брзина. Наместо досегашните 15 Mbps, сега е со 30 Mbps.