Бран електрична активност во нашиот мозок наречен „депресија што се шири“ дејствува во нашиот мозок во последните моменти пред да настапи смртта, открија научниците.
Експертите кои ги истражуваа активностите на мозочните клетки кај пациенти кои умираат откриле бран активност што настапува пред да дојде „судниот час“. Истражувањата исто така покажуваат дека активноста е застапена уште неколку минути откако ќе настапи смртта. Во тој момент мозочните клетки ги влечат резервите на енергија уште неколку минути пред телото да престане да дава знаци на живот.
Како изгледа умирањето?
Едно истражување од октомври, 2017 година покажа дека свеста на човекот продолжува да постои иако телото престанало да покажува знаци на живот. Тоа би можело да значи дека пациентите се свесни за сопствената смрт, а постојат и докази дека починат пациент ги слушал лекарите како го соопштуваат времето на неговата смрт. Тоа беше докажано во истражување на Медицинскиот факултет при Универзитетот Лангон во кое биле испитувани пациенти кои преживеале прекин на работата на срцето.
„Овие пациенти рекле дека ги гледале докторите и медицинските сестри како работат и објасниле дека цело време биле свесни за тоа што разговараат и тоа што можеле да го видат“, вели доктор Сем Парнија кој додава дека овие тврдења на пациентите подоцна биле потврдени и од болничкиот персонал.
Поврзани артикли