Кина и Русија планираат да започнат шест лунарни мисии за да се подготват за изградба на меѓународна вселенска станица на Месечината, соопшти Пеи Џоју, заменик директор на Центарот за истражување на Месечината и вселенска програма на Кинеската национална вселенска администрација (ЦНСА) за време на Конференција GLEX-2021.

Според презентацијата, првата фаза од истражувањето ќе трае од 2021 до 2025 година. Кина планира да испрати три мисии во тој период: Chang’e 4, Chang’e 6 и Chang’e 7, додека Русија планира да лансира автоматска станица наречена Луна 25, лунарниот орбитер Луна 26 и лунарниот лендер Луна 27, пренесува ТАСС.ж

Во мисиите ќе се користат кинеските возила за лансирање CZ-3B и CZ-5, како и рускиот Сојуз-2. Целта на оваа фаза е да се избере област за изградба на станицата и да се развие технологија за многу прецизно слетување на Месечината.

Roscosmos и CNSA на 9 март објавија дека потпишале меморандум во име на нивните влади за меѓусебна соработка при создавањето на меѓународна научна лунарна станица.

Русија и Кина планираат да го искористат заедничкото искуство и технологии за да создадат основа за изградба на база на Месечината. Соработката во оваа област предвидува и проучување на површината на Месечината и спроведување на разни заеднички проекти.

Извор: Klix.ba