Истражување на научници од целиот свет покажа дека во Земјината кора постојат незамисливи количини на дијаманти.
Истражување на научници од целиот свет покажа дека во Земјината кора постојат незамисливи количини на дијаманти, пренесува CNN.
Според истражување на Институтот за технологија во Масачусетс, огромни количини на овој скапоцен минерал се кријат во кората на Земјата, но кога би допреле до нив цената драстично би опаднала.
Новата студија на меѓународниот тим е направена со сеизмичка технологија слична на онаа која се користи за мерење земјотреси. Дојдено е до фасцинантно откритие, длабоко во Земјата лежат 1.000.000.000.000.000 тони дијаманти. Се наоѓаат на длабочина меѓу 150 и 250 километри под површината. Научниците до оваа бројка дошле со помош на звучни бранови за мерење, бидејќи нивната брзина се менува во зависност од составот, температурата и густината на карпите и минералите низ кои патуваат.
Дијамантите кои завршуваат како дел од накит потекнваат од површината на Земјата, а се формирани во текот на вулкански ерупции. Дијаманттите формирани во јадрото на Земјината кора се создадени со екстремно висок притисок и екстремно висока температура. Тежината на сите карпи овозможува идеални услови за нивно формирање.
Во студијата учествувале истражувачи од разни научни институции.
Извор: B92.net