Една година по почетокот на тестирањето во Мерцедес Бенз музејот во Штутгарт, Дајмлер и Бош го отворија својот прв Автоматски паркинг пилот во кинескиот главен град Пекинг.
Автоматското паркирање на автомобилите им овозможува на возилата да минат одреден простор автономно, односно корисникот да го превземе автомобилот преку контрола од својот паметен телефон.
Изборот не е случаен со оглед на тоа што Дајмлер од неодамна стана првиот странски производител кој доби лиценца за тестирање на автомобили со технологија за автономно возење во главниот град на Кина.
Автоматскиот паркинг пилот е важен чекор во системот на автономното возење, базиран на интелигентна инфраструктура развиена од германската компанија Бош.
Технологијата му овозможува на возачот преку наредба од паметниот телефон да го паркира автомобилот. Возачот мора да го паркира автомобилот на одредено место за оставање на возилото, а потоа да ја отвори апликацијата за да го испрати на одредено место.
Сензорите инсталирани во самиот објект го следат движењето на автомобилот низ паркингот и го контролираат, а технологијата во самиот автомобил одговара на командите кои што ги добива од системот. Кога корисникот е подготвен за заминување, доволно е да застане на одредено место и со помош на апликацијата да му нареди на автомобилот да пристигне на неговата локација.
Извор: B92.net