Италијанскиот хирург Серхио Канаверо тврди дека ја направил првата успешна трансплантација на глава.

На прес-конференција во Виена неврохирургот излезе со тврдење дека ја извршил првата успешна трансплантација на глава, но таа била извршена над мртовци.

Канаверо вели дека тој дури и стимулирал нерви кај мртовецот над кого била извршена операцијата за да провери дали таа „навистина работела“. Тој вели дека ја извадил главата од еден човечки труп и ја ставил на друг, поврзувајќи го ‘рбетот, нервите, артериите и вените. Иако, тој вели и дека нема докази за оваа операција.

„Првата трансплантација на човечка глава беше извршена!“, изјави тој на видеото кое го објави на својот Facebook профил.

Тој вели дека операцијата траела 18 часа и дека следниот логичен чекор е оваа операција да се изврши на човек парализиран од вратот надолу.

Канаверо не даде никакви детали околу процедурата, опремата, и идентитетите на двата мртовци, но рече дека научен труд со сите детали ќе биде достапен „во наредните неколку дена“.