Pocophone F1 на Xiaomi направи вистински пресврт на Android пазарот, благодарние на своите премиум спецификации и исклучително пристапната цена. Секако, за да се постигне ниска цена Xiaomi мораше да направи некои компромиси, а во овој случак тоа беше материјалот на изработка.
Комплетното куќиште е изработено од пластика, односно од поликарбонат, вклучувајќи ја и рамката од страна. Ова секако го покрена прашањето на издржливост на уредот. Сега популарниот YouTube канал JerryRigEverything го донесува својот традиционален тест на издржливост, на кој се најде токму Pocophone F1.
Уредот успешно ги издржува успешно тестовите, покажувајќи дека пластиката од која е изработен е прилично цврста.
Најинтересно е дека гребнатини на екранот не се појавуваат до цврстина на материјалот до шесто ниво по скалата на Моос. Скенерот за отпечатоци е скоро неранлив.
Обичните клучеви, монети и други мали предмети во џебовите нема да му наштетат на екранот на „Pocophone F1“.
Во исто време, лесно се гребе пластичниот заден капак, доколку го држите уредот во еден џеб со метални предмети, па поради тоа „JerryRigEverything“ препорачува користење на футрола.
Тестот за свиткување е исто така успешен. Паметниот телефон е доволно издржлив. Пластиката не се деформира.
Поврзани артикли