NASA им даде можност на вселенските ентузијасти да ги испратат своите имиња на патување околу Месечината. Имено, оваа вселенска агенција поставила страница на која можете да го додадете вашето име, кое ќе биде испратено на флеш драјв до споменатата рута со ракетата Artemis I. Оваа мисија има задача да влезе во орбитата околу Месечината и да тестира Space Launch System (SLS).

Artemis I ќе го трасира патот за првата жена што ќе слета на Месечината, што е планирано за некои од наредните години. Инаку, тоа ќе биде прва од серијата сложени мисии, чија крајна цел е да се воспостави долгорочна човечка колонија на единствениот природен сателит на Земјата.

Името на страницата е „Fly your name around the Moon!“. За да се регистрирате, се што треба да направите е да ја посетите и да ги внесете вашето име, презиме и пин (што ќе ви овозможи подоцна да пристапите на страницата), по што ќе добиете „boarding“ картичка со вашето име. Пристапот до оваа страница е потполно бесплатен.

Мисијата на Artemis I досега беше неколку пати одложувана. Првично лансирањето требаше да се случи во ноември минатата година, а според последните информации на НАСА тоа ќе се случи во мај годинава. Кога ќе биде лансиран, Artemis I ќе собира податоци кои се клучни за испраќање човечки екипаж на патување околу Месечината. А ново слетување на астронаутите на овој сателит се очекува најрано во 2026 година.

Извор: PC Press.rs