Razer потврди дека ќе објави втор смартфон подоцна оваа година, а на интернет се прошири фотографија која наводно го прикажува новиот уред.
Не е потребно внимателно да се погледне, за да се разбере дека телефонот изгледа токму како неговиот претходник. На прв поглед, нема конкретни промени во дизајнот, но новиот уред има малку поширока рамка на екранот, што е малку неочекувано.
Другата промена е во локацијата на двојната селфи камера, чии сензори се на малку поголемо растојание едно од друго. Засега не знаеме дали ќе има промена во дизајнот на задниот панел, но според неодамнешните гласини, уредот исто така треба да го обезбеди системот со LED осветлување – Chroma.
Очекуваме да видиме и процесор Snapdragon 845, 8GB RAM и до 512GB вградена меморија.