Сенегалските власти веќе долго време сонуваа да изградат нов урбан центар како одговор на растечката пренатрупаност на главниот град Дакар. Со население од повеќе од три милиони, трошоците за домување во градот нагло се зголемија, а со нив и очигледно високите нивоа на невработеност.

Нова идеја на државата е на пат да го реши овој проблем. Откако беше одобрена уште во 2013 година, идејата треба да биде завршена најдоцна до 2035 година, а се однесува на изградбата на Diamniadio, футуристички град, кој ќе се наоѓа на помалку од 20 милји од Дакар. Кон крајот на минатата година, министерот задолжен за проектот, Шејх Канте рече дека проектот е околу 80 отсто веќе завршен.

Diamniadio ќе покрие 4000 хектари и ќе има индустриски парк, многу забавни локации и универзитет за околу 30.000 студенти. Проектот, исто така, ќе обезбеди комбинација на луксузни, средни и прифатливи станови за околу 350.000 жители. Критичарите на проектот се загрижени дека цената од 2 милијарди долари дополнително ќе ја уништи економијата на земјата. Други стравуваат дека градот ќе биде недостапен за повеќето жители на Сенегал.