Tesla повторно го пушти во продажба својот безжичен полнач за паметени телефони, пишува The Verge.
Првата серија се продаде за многу кратко време минатиот месец, па компанијата одлучи овој пат полначот да биде со 15% попуст. Tesla овој пат ветува дека ќе бидат произведени поголем број на парчиња од уредот, токму поради попустот.
Побарувачката е огромна и се очекува и оваа серија за брзо да биде распродадена.
@verge tipline @nickstatt check out the cut in cost and refunds for Tesla's phone charger. Still not an Anker, but pretty sweet move pic.twitter.com/n9WG6xHPIs
— Jᴀʀᴇᴅ Eᴢᴢᴇᴛ (@JaredEzz) September 10, 2018
Производот за прв пат беше ставен на продажба на веб страната на компанијата на крајот на август по цена од 65 долари. Дизајнот наликува на телефоните на Apple, а доаѓа во црна и бела боја. Иако полначот, којшто има батерија од 6.000 mAh, е наменет за безжично полнење, се продава заедно со интегриран USB-C приклучок и USB-A приклучок за стандардно полнење.
На барање на сопствениците кои ја платиле повисоката цена за полначот Tesla ќе ги рефундира истите за разликата од 16 долари помеѓу двете цени.
Извор: The Verge