Куќа на иднината која се склопува за само 6 часа (ВИДЕО)

Архитектот Ренато Видал од Италија со својата компанија ја измислил оваа монтажна куќа која се склопува за само шест часа и чини нешто помалку од 30 илјади евра.

Оваа куќа по потреба може и да се сели, односно преместува, дури и откако веќе еднаш е изградена. Куќата е отпорна на земјотрес и има еколошки прифатлив капацитет со соларни плочи, ЛЕД осветлување.

Компанијата вели дека доволни се три лица за да ја склопат целата куќа во рок од 6-7 часа. Во зависност од квадратурата, цената се движи помеѓу 29 и 60 илјади евра.

Уште една позитивна работа е тоа што за да изградите ваква куќа не ви се потребни темели.

Доколку сакате сопствена економична куќа, добро е да го знаете и ова:

Инаку, основачот на компанијата Tesla, Елон Маск соопшти дека компанијата започнала да ги прима првите нарачки за популарните “соларни кровови“ уште во месец април.

На сајтот на компанијата има и калкулатор кадешто секој што сака да си нарача соларни панели може да пресмета колку ќе го чини во зависност од површината на кровот и количината на сончева енергија во одредено подрачје со цел да види дали оваа инвестиција е исплатлива.

Според најновите информации кои ги соопшти компанијата, уградувањето на овие кровови во САД ќе започне од ова лето, додека за остатокот од светот почетокот ќе биде најавен до крајот на годинава.

Соларниот кров се соостои од фотонапонски ќелии кои се вградени во ќерамиди (слични како обичните ќерамиди) и неприметливо се вклопуваат во модерните архитектонски решенија. Маск изјави дека целта на соларните кровови е да бидат поубави од обичните, да произведуваат електрична еренгија, да траат подолго и да имаат подобра изолација.

Кога станува збор за цената, Маск вели дека тие ќе бидат поевтини во однос на класичните ќерамиди. Неофицијалната цена е 21.85 долари за метар квадратен.

Веднаш откако протече веста дека компанијата ќе изработува вакви ќерамиди, почнаа да се редат нарачки така што денес има огромна листа на купувачи на листата на чекање.