Американската војска би можела да добие хеликоптер кој може да превезува војници во најжестоките воени зони во светот двапати побрзо од хеликоптерот Black Hawk.

Станува збор за брутално моќен борбен хеликоптер Defiant X со голем дострел, најнапредниот авион од ваков вид опремен со систем за оружје, кој е производ на Sikorsky и Boeing.

Defiant X е еден од кандидатите за договор на армијата на САД наречен Future Long Range Air Assault (FLRAA) и е дизајниран да ги исполни сите сегашни и идни барања на американската армија за воздушни мисии. Овој најсовремен хеликоптер може да го промени начинот на кој американската војска ќе се справи со непријателите во следните 20 години или повеќе.

Defiant X е всушност подобрена верзија на хеликоптерот SB-1 Defiant на Lockheed Martin и го носи истото „презиме“ како и неговиот помал брат Raider X.

Новиот хеликоптер може да биде наследник на Black Hawk кој американската војска го користи од 1979 година.

Sikorsky UH-60 Black Hawk може да лета со брзина од 277 км/ч, и има многу верзии на оваа легендарна воена машина што служеле на голем број боишта, вклучувајќи ги Заливската војна, Авганистан и Ирак.

Досега се произведени повеќе од 4.000 хеликоптери Black Hawk, а исто така се користат од војски на други земји, вклучувајќи ги Израел, Шведска и Австралија. Многу воени ветерани веруваат дека Black Hawk е најдобриот хеликоптер што некогаш е направен и дека нема да биде лесна задача достојно да биде заменет.

Американската војска сега сака летало со вертикално полетување и слетување (VTOL), кое може да достигне брзина од 426 км/ч или повисока. Се очекува Black Hawk да остане во служба уште некое време, но за мисии од 2030 година, на американската војска и треба подобар, побрз и понапреден хеликоптер.

SB-1 Defiant достигна брзина од 463 километри на час во летот извршен во октомври минатата година, а се очекува да достигне брзина од повеќе од 463 километри на час во идните тестови. Хеликоптерот користи технологија Sikorsky Х2 и два сета коаксијални пропелери кои го стабилизираат леталото. Опашката е слободна за други намени. Хеликоптерот има и уште еден пропелер како втор извор на потисок.

Defiant X ќе може да превезува до 12 војници или товар со тежина од 1.670 килограми внатре и уште 2.400 килограми надвор. Ќе има wire-by-wire контрола на летање со интегрирани автономни способности. Исто така, ќе има функција на намалување на термичкиот преглед, што ќе го заштити од непријателските инфрацрвени сензори.

Извор: Klix.ba