По отстранувањето на стандардниот аудио приклучок од iPhone X, 8, 8 Plus, 7 и 7 Plus, Apple додаде бесплатен адаптер на уредот, овозможувајќи им на корисниците да ги користат своите стари жичaни слушалки со нивните нови телефони.

Но, ова повеќе не е случај со трите нови модели презентирани вчера. На овој начин, купувачите ќе мора да набават безжични слушалки или да купат адаптер – Apple ќе продава таков за 9 долари/10 евра.

Бесплатниот додаток, исто така, ќе исчезне и од кутијата на iPhone 8, која досега беше снабдена со адаптер.