На Amazon му е одоборен патент за уред за превоз на луѓе кој изгледа како кафез и со кој луѓето би се движеле во простории во кои работат роботи.

Amazon во своите складишта користи роботи кои многу им ја олеснуваат работата – наоѓаат и транспортираат производи и ги подготвуваат за достава, а во некои складишта дури има и т.н. роботски зони во кои е забранет пристапот за луѓето. Во тие зони работат големи роботи кои би можеле да ги повредат луѓето, а во случај некој од вработените да влезе во овој дел, ќе се огласи аларм и роботите автоматски ќе престанат со работа.

Во компанијата размислуваат за начини на кои нивните вработени би можеле заедно да работат или барем да бидат присутни во просториите со големи роботи. Една од идеите е да се стават во кафез! Патентот кој го пријави Amazon пред две години и кој му е одобрен опишува начин на движење на работниците во простории со роботи, и според него, луѓето треба да бидат сместени во посебен кафез, со кој би управувал робот кој се наоѓа под кафезот.

Во случај работниците да треба да поправат или да преземат нешто од зоната во која се наоѓаат големите роботи, не би имало потреба да се стопира работата на роботите, туку луѓето би влегле во кафезот и преку својот робот ќе се повозат по забранетата зона, би го направиле тоа што треба и би излегле, додека роботите цело време околу нив би ја вршеле својата работа.

Во патентот на Amazon не станува збор за кафез за луѓе со кој управуваат роботи, туку за уред за транспорт кој на луѓето ќе им овозможи да се приближат до роботите, во ситуации кога треба да се поправат роботите или да се земат некои предмети кои им паднале од полиците или при транспорт.

Извор: Zimo.hr