Онлајн изданието DigiTimes прогнозира дека четвртиот квартал на годината ќе биде исклучително интересен и ќе ги израдува корисниците со многу интересни смартфони кои ќе ја направат жестока конкуренцијата на пазарот. Ова ќе се случи и покрај општата стагнација во секторот, која е карактеристична за последната година. Sony веќе го претстави својот нов предводник Xperia XZ3, кој се одликува со заоблен QHD екран со поддршка на HDR и дополнителни функции за вештачката интелигенција.
Huawei за еден месец ќе ги прикаже првите модели со новиот чипсет Kirin 980, кој беше најавен во Берлин. Производната линија Mate 20 ќе биде презентирана на специјален настан во Лондон и очекувањата се таа да ја зајакне својата позиција на кинескиот гигант. Kirin 980 е првиот масовен процесор кој ќе се произведува по 7nm процес, а силните продажби на серијата P20 ветуваат одлични перформанси и на новата генерација фаблети Mate.
Другите големи кинески играчи Oppo и Vivo веќе ги покажаа Find X и NEX и ќе играат сериозна улога особено на пазарите во Азија. Apple исто така ќе се вклучи во играта со новите модели на iPhone, кои ќе бидат претставени оваа недела, а аналитичарите веќе предвидуваат рекордни продажби. Компанијата од Купертино ќе ја обнови својата производна стратегија и најмалиот нов модел на iPhone ќе има 5,8-инчен дисплеј, но нема да е најевтин меѓу очекуваните три уреди.