Имплементацијата на споменатата технологија е наречена Screen Unlock
OnePlus се подготвува да го претстави својот втор смартфон предводник на годината и најверојатно тоа ќе се случи по неколку недели. Кинеската компанија потврди за CNET дека новиот OnePlus 6T ќе содржи вграден сензор за отпечатоци во дисплејот и тоа се потврдува од објавениот „скриншот“ на компанијата. На него се гледа отпечаток на местото што треба да се допре за отклучување. Освен тоа, се забележува датумот 17 октомври, што укажува кога ќе се случи премиерата на телефонот.
Но тоа ќе биде ден по претставувањето на Huawei Mate 20 во Лондон, па вестите од OnePlus може да бидат засенети. Телефонот ќе се нуди и од американскиот оператор (T-Mobile), што е голем пробив на компанијата, бидејќи тоа ќе и овозможи пристап до многу поголем број на потенцијални корисници.
OnePlus ја нарекува новата функција на OnePlus 6T, Screen Unlock и наведува дека тоа е начин да се оптимизира дизајнот на телефонот и да заштеди дополнително дејство на корисниците при отклучување на уредот. Компанијата ќе обезбеди и отклучување преку препознавање на лицето, но тоа не е толку сигурно како отпечатокот.
Компанијата сакаше да смести таков сензор во екранот на OnePlus 5T, но се предомисли, бидејќи технологијата не беше доволно развиена. Додатокот е всушност сместен под OLED панелот. При активирање, тој го осветлува прстот на корисникот, а отпечатокот се снима во сензорот и се споредува со зачуваниот во процесот на конфигурација. Ако постои совпаѓање, уредот се отклучува.
Поради оваа функција, OnePlus 6T е подебел за 0.45 мм, а и компонентите во куќиштето мораа да бидат преместени.
Поврзани артикли