Медиумскиот настан на Apple, Gather Round ќе биде одржан оваа недела, а се очекува компанијата да претстави нови уреди, меѓу кои и три нови iPhone модели.

Apple ќе претстави подобрена верзија на iPhone X, поголема верзија на истиот уред, како и поевтина 6,1-инчна LCD верзија која најверојатно ќе се вика iPhone XC.

 

Како што се ближи настанот на Apple, така има се повеќе извештаи дека наследникот на iPhone X ќе се вика iPhone Xs, додека поголемиот модел ќе го носи името iPhone XS Max.

На кинеската социјална мрежа кружат информации дека Apple ги избрал имињата iPhone XS, iPhone XS Plus и iPhone XC, што е малку повеќе во склад со традицијата. Секако дека iPhone XC ќе чини 699 долари, iPhone XS 900 долари, а iPhone XS Plus 1000 долари.

На интернет се појавија фотографии од прототипот на моделот XC во црвена, бела и сина боја.

Настанот на Apple ќе биде одржан на 12. септември.