За време на археолошки ископувањата во Краснодарскиот регион во Русија, во т.н. источна некропола на античкиот град Фанагорија, научниците откриле гроб од 1 век од новата ера во кој е пронајден сад со запечатена мистериозна течност. Станува збор за гробница која веројатно припаѓала на богати и благородни жители. Во неа покрај садот со течноста се пронајдени и седум саркофази со телата на возрасни и децата.

Научниците забележуваат дека порано биле пронајдени стотици други слични садови, но течноста во нив не била зачувана. Ова е прв ваков случај, а според првите информации од археолозите, садот бил полн со половина транспарентна течност, а на неговото дно се видливи темни седименти. Реткиот пронајдок ќе биде испратен во Москва на дополнителна анализа.

Друг херметички затворен сад се претпоставува дека бил урна за погреб, веројатно со пепел. Во гробот археолозите пронајдоа и прибор, многу орнаменти, садови направени од римско стакло, иглички, златни ленти за облека и погребни венци