Научниците традиционално веруваат дека комбинирањето на повеќе од двa лекови во борба против штетните бактерии доведува до незадоволителни резултати. Главната теоријата се темели на тоа што поединечните придобивки од комбинирањето на три или повеќе лекови се премногу мали за да бидат значително, или пак дека интеракциите помеѓу лековите ќе предизвикаат евентуалните поединечни придобивки да влијаат и на некој начин да се поништат една со друга.
Но, тим од биолози од универзитетот UCLA откриле илјадници комбинации на четири или пет лекови, кои се покажале како поефикасни во убивањето на штетните бактерии. Нивните наоди, објавени денес во списанието Systems Biology and Applications, би можеле да претставуваат голем чекор кон заштитата на јавното здравје во време кога патогените и вообичаените инфекции се повеќе стануваат отпорни на антибиотици.
“Постои традиција да се користи само еден лек, можеби два“, вели Памела Јех, еден од автори на студијата и професор по екологија и еволутивна биологија на UCLA. “Ние нудиме алтернатива која изгледа многу ветувачки. Ние не треба да се ограничиме само на еден лек или комбинација на две лекови. Очекуваме дека неколку од овие комбинации, или повеќе, да работат многу подобро отколку постојните антибиотици.“ додава таа.