Видео објавено на YouTube предизвика многу реакции на социјалните мрежи, откако на него е прикажано како наводен “вонземски брод“ е соборен над Шкотска, пишува Express.
Теоретичарите на заговори веднаш почнаа да шират разни шпекулации откако се појави видеото, а бизарната снимка, направена на 1 септември, покажува како еден објект лебди над градот Кипен во Шкотска, и испушта некакви чудни материи.
Видеото било снимено од страна на една анонимна жена и испратено до популарниот YouTube канал UFO Today.
“Објектот испушташе голема количина на светлечки материи додека леташе. Жената не знае за каков објект се работи, но прилично е сигурна дека тој не е направен од страна на луѓе“, стои во описот на видеото.
Поврзани артикли