Данската новинска агенција „Ритзау“ и локалните весници развиле спорски робот кој пишува извештаи по секој локален натпревар. Извештаите се прилагодуваат на тој начин што еден текст се насочува кон домашниот тим, а фоскусот на другиот текст е на екипата што гостува.

Ритзау објави дека услугата е важен чекор за понатамошниот развој на агенцијата со роботи новинари. Агенцијата претходно покрена и сервис за роботски финансии наречен Аутофреш.

 Директорот за развој, Кристофер Гравгард, изјави дека агенцијата ги очекува реакциите од читателите.

,,Локалниот спорт е важен, но е невозможна мисија да се покријат сите настани со новинари.Поради тоа сме задоволни со ова решение со робот новинар и сакаме да видиме како нашите читатели ќе бидат задовлни од оваа услуга”, вели главниот уредник Ларс Јесперсен.