Елон Маск стартува уште еден амбициозен проект за создавање на свое соѕвездие на небото кое ќе биде составено од сателити кои ќе дистрибуираат интернет на нашава планета. Според информациите кои ги објавија добрите познавачи на технолошкиот гигант SpaceX, чиј прв човек е Маск, проектот е уредно пријавен во Сојузната комисија за комуникации на САД и се чека одговор на барањето за почеток на „изградбата“ на соѕвездието составено од илјадници сателити.

Според некои информации, SpaceX сака да создаде соѕвездие кое ќе биде составено од 4425 сателити, кои ќе бидат сериозно „засилување“ на оние 1300 кои моментно орбитираат околу нашата планета. За Маск и неговата компанија, продажбата на широкопојасен интернет од орбитата е клучен дел од начинот на кој SpaxeX планира на прави пари надвор од неговата оригинална дејност, лансирање на сателити од Земјата.

Според доставениот план за реализација на проектот, SpaxeX во соработка со Boeing во прво време треба да лансира 2956 сателити преку новоформираната компанија OneWeb, во чии редови влегува капитал на Qualcomm Corp. и Virgin Group. Потоа се очекува и втора фаза во која треба да биде пополнета вкупната бројка на 4425 сателити кои ќе го формираат „интернет-соѕвездието“.