Првата маска од графен за намалување на заморот на очите од работ на компјутер се очекува наскоро. Истата ќе биде производ на компанијата „Grahope“. Производот сè уште нема трговско име, но инвеститорот ветува бројни придобивки од неговото користење.

Маската е наменета за луѓе кои поминуваат многу време пред компјутер, често се соочуваат со болки во главата и боледуваат од т.н. суво око. Оваа маска од графен ги отстранува тензиите од мускулите на лицето и очите.

Програмерите велат дека редовното носење на маската може да помогне да се намалат брчките околу очите и да се отстранат подочниците. За да работи, маската има потреба од извор на енергија што може да се поврзе преку USB кабел, компјутерска или пренослива батерија. Сесијата трае околу еден час, па дури и може да спие со неа без да се грижите од добивање на прекумерна доза зрачење.