Извршниот директор и основач на Facebook, Марк Цукерберг, денеска им се извини на Британците поради „прекршената доверба“, во врска со злоупотребата на личните податоци на околу 50 милиони корисници на социјалната мрежа од страна на компанијата Cambridge Analytica.

Во извинувањето објавено на цела страница во неколку британски весници, Цукерберг наведува дека Facebook има одговорност да ги штити информациите на корисниците, а ако не може да го прави тоа, тогаш и не ја заслужува нивната доверба.

Тој тврди дека податоците на милиони корисници на Facebook во 2014 година протекле со помош на програма што ја изработил „еден уинверзитетски истражувач“.

„Тоа е прекршување на довербата и жал ние поради тоа што не сторивме нешто повеќе во тоа време“, наведува Закерберг во својата прва реакција по објавувањето на скандалот со Cambridge Analytica.

Цукерберг во своето денешно извинување им се заблагодарува на корисниците што се уште веруваат во Facebook зaедницата и ветува дека ќе ја направи подобра.

Facebook се најде на удар на критики на јавноста откако беше објавено дека социјалната мрежа на компанијата Cambridge Analytica и доставила податоци на 50 милиони нејзини корисници, без нивно знаење и одобрение.

Еврокомесраката за правда, права на потрошувачите и родова еднаквост Вера Јоурова денеска во изјава за BBC побара од Facebook објаснување за злоупотребата на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа.