Apple пројавува голем интерес за технологијата со проширена реалност и веќе инвестираше сериозни средства за развој на AR софтвер. За во иднина компанијата ќе продолжи да користи масовно слични решенија во iPhone и iPad. Од Apple се согласија да ја купат официјално американската компанија Akonia Holographics која се специјализира во развојот на дисплеи за очила со проширена реалност. Финансиските параметри на договорот засега остануваат тајна, пренесоа „mspoweruser“.
Потсетуваме дека Akonia Holographics е создадена официјално во 2012 година и поседува разновидно портфолио кое вклучува над 200 патенти поврзани со холограмски системи. Нивните инженери работат над уникатни материјали и технологии кои овозможуваат создавање на тенки и транспарентни објективи за AR очила кои можат да покажуваат содржини во боја со висока резолуција. Другата предност на Akonia Holographics е дека нивните решенија обезбедуваат широки визуелни агли на видливост.
Желбата нa Applе да стане влијателно име во овој сегмент не е изненадување, бидејќи тоа е технологија која допрва ќе станува сè попопуларна и ќе се користи масовно од нашите уреди. Пазарните аналитичари веруваат дека компанијата ќе претстави сопствени очила со проширена реалност, што нема да се случи пред крајот на следната година. Apple гледаат голема иднина во ова технологија и допрва ќе внесуваат повеќе апликации на AR софтверот во своите уреди.