Стриминг сервисите како што се Netflix и Amazon Prime Video најверојатно ќе треба наскоро да обезбедат најмалку 30 отсто од нивните видеотеки за локални содржини од Европската Унија. Прелиминарен договор за правилата веќе постои, а Роберто Виола, кој го надгледуват департманот за мрежи, содржини и технологија во Европската Комисија, изјави дека квотата ќе се преточи во закон во декември. Тој истакна дека гласањето за овој закон ќе биде чиста формалност.

Стриминг компанииите ќе треба да серии и филмови од Европско потекло, да ги купуваат или да придонесуваат во националните филмски фондови. Овие сервиси исто така ќе треба да се погрижат локалните содржини да имаат соодветен пласман во нивните библиотеки.

Откако овие мерки ќе биде преточени во закон, ЕУ земјите ќе имаат простор од 20 месеци за имплементација, а Виола истакна и дека земјите членки можат да ги зголемат квотите индивидуално и до 40 отсто. Земјите исто така ќе можат да одлучат дали сакаат да ги обврзат сервисите за продуцирање на минимален број на серии и филмови во нивните земји, и дали тие ќе им наметнат некоја доплата на претплатничките такси во националните филмски фондови, како што Netflix е обврзан да прави во Германија.

Netflix е веќе близу до целосно исполнување на ЕУ квотата од 30 проценти, изјави Виола. ЕУ ќе објави информации кои ќе покажуваат колку Европски содржини  се понудени во моментот од стриминг сервис. Во меѓувреме, ЕУ исто така изработува правила за да им наложи на стриминг компаниите и платформите како YouTube (каде корисниците најмногу качуваат содржини) да плаќаат повисоки такси за авторско дело на сценаристите и продуцентите.

Стриминг сервисите инвестираа и на некои други пазари. Netflix троши 400 милиони долари на Канадски содржини за период од 5 години.