Новата алатка на YouTube, која до крајот на оваа недела треба да стане глобално достапна, е прилично едноставна.
Се состои од збир на статистички податоци за тоа колку време сте поминале гледајќи видеозаписи на овој интернет-сервис (вклучувајќи ги и YouTube Music и YouTube TV), неколку дополнителни поставки за утврдување на тоа кои известувања ќе ги добивате од видеоуслугите на „Гугл“ и колку често, како и можноста за поставување ограничување на гледањето.
Статистичките податоци се поделени на гледање во текот на денешниот и вчерашниот ден, изминатата недела и неделниот просек. Се темелат на она што може да се најде во вашата историја на прегледување видеа. Ако ја избришете или не ни ја вклучите, податоците нема да бидат прецизни.
Не е јасно дали се бројат и видеозаписите прегледани додека не сте биле поврзани на интернет, а ако имате повеќе канали на YouTube под ист кориснички профил на Google, ќе бидат достапни податоци само за гледање што сте ги направиле додека сте биле логирани во вашиот главен кориснички профил.
За да дојдете до статистичките податоци на мобилен, доволно е да го отворите YouTube и потоа да одите на горниот десен агол за да го отворите изборникот со поставки. Во него пронајдете ја опцијата „Time watched“.
Што се однесува до компјутерите, се чини дека од Google немаат надградено алатки за YouTube за поддршка на оваа нова функција.