Многубројните планети кои содржат огромни количества вода би можеле да издржат живи организми, научниците потврдија.

Меѓутоа, една нова студија од Универзитетот во Чикаго и Државниот Универзитет во Пенсилванија открива дека океанските планети можат да останат подолго во состојба која ќе може да одржи живот отколку што претходно се сметаше.

Ова драматично ги подобрува шансите за развивање на жив и на други планети, како што една неодамнешна студија потврди дека една од трите планети надвор од сончевиот систем, кои се поголеми од земјата, е всушност полна со вода.

„Ова откритие всушност се спротивставува на идејата дека потребна е планета што ќе биде слична на земјата, со земја и плиток океан,“ вели Едвин Кајт, асистент професор за геофизички науки на Универзитетот во Чикаго и главен автор на студијата.

Кајт и коавторот Ерик Форд поставија симулација со илјадници случајно генерирани планети, а потоа ја следеа еволуцијата на климата во текот на милијарди години.

„Изненадувачки е тоа што многу од тие планети остануваат стабилни повеќе од една милијарда години,“ Кајт изјавил.

Овие „среќни“ планети се наоѓаат на вистинската локација околу нивните ѕвезди, според студијата објавено во The Astrophysical Journal.

Тие ја имаат вистинската количина на јаглерод, и немаат премногу минерали и елементи од кората растворени во океанот што би го влечело јаглеродот надвор од атмосферата.

Планетите имаат доволно вода уште на почетокот, и тие го циркулираат јаглеродот помеѓу атмосферата и океанот, што доколку е во вистинската концентрација е доволно за да се одржи стабилноста.