После закривените и 4K телевизори, вечната борба помеѓу LG и Samsung за тоа кој ќе создаде најдобар дисплеј продолжува. Samsung, во четвртокот ги претстави своите 8K QLED TV на IFA, но LG секако немаше да дозволи нивниот најголем корејски ривал да ја презема цела слава. Па така, денес од компанијата најавија сопствен 88 инчен 8K OLED панел, кој нормално е прв таков во светот, затоа што нема некоја посебна причина зошто тој би постоел на пазарот. Се уште не е позната цената ниту па датумот кога тој ќе биде официјално претставен, а нема ниту некоја поконкретна информација околу карактеристиките на овој нов телевизор.
Но 8K не е единственото поле на борба помеѓу овие гиганти на IFA. Samsung е неверојатно блиску да започне со испорака на одличниот 146-инчен 4K MicroLED TV за оние кои планираат да фрлат цело богатство, но LG сака секој да знае дека колку поголемо толку подобро е вистина па така го претставија нивниот 173-инчен дисплеј. Повторно се работи за извонреден екран, но другите карактеристики се уште не се откриваат. Сепак, интересно е да се гледа како најголемите компании ја продолжуваат нивната војна на пазарот на технологијата.