Pentax ја промовираше ексклузивната верзија на Pentax K-5 со сребрен финиш, кој ќе ја носи ознаката Silver Special Edition.

Бидејќи е хипстерски ќе биде произведен само во 1.500 примероци, a ќе се испорачува со ултра тенкиот објектив PENTAX-DA 40mm F2.8 XS.

Дизајнот на објективот е дело на Марк Њусон еден од најпознатите светски индустриски дизајнери. Исто како фотоапаратот, и објективот го има сребрениот финиш.

Од Pentax велат дека идејата за овој апарат потекнува од желбата да се направи спој на врвните перформанси со атрактивниот изглед. Вниманието на деталите се забележува и во посебно дизајнираното, атрактивно пакување.

Моделот ќе биде достапен од април по цена од 1600 долари, а само 80 примероци ќе бидат достапни на пазарот во Европа.