Со своите масивни тераси кои се намалуваат во големината, додека самата градба се зголемува, зигуратите лесно може да се наречат “планини направени од луѓето“.
Тие се препознатливи структури најчесто поврзани со древната месопотамиска религија. Во античко време, секоја од главните градски држави во Месопотамија имал свој зигурат, меѓутоа многу од нив се уништени во текот на времето.
Два познати примери на преживеаните зигурати го вклучуваат Големиот зигурат од Ур во Ирак и Чога Занбил во Иран.
Зборот “зигурат“ е изведен од акадскиот збор “зикурату“, кој се преведува како
“планински врв“ или “растечка градба“. Името е соодветно, имајќи предвид дека некои зигурати се многу високи структури. Интересно е да се напомене дека библиската Вавилонска кула, која требала да им овозможи на луѓето да се искачат до небото, се верува дека всушност била зигурат.
Инспирација за изградбата на оваа кула во библиските приказни се смета дека е вавилонски зигурат, попознат како Етеменанки (во превод “куќа на основањето на небото на земјата“). Се смета дека структурата била на висина од 92 метри, но за жал, истата била срушена во античкиот период.