Руското вселенско летало Сојуз МС-14 со хуманоидниот робот, наречен Федор, денес слета на Меѓународната вселенска станица.

Директорот на рускиот Роскосмос, Дмитриј Рогозин, изјави пред новинарите дека Федор ќе се врати на Земјата според предвиденото на 7 септември.

„Има доволно време да ги извршиме планираните тестови и да се вратиме на Земјата на 7 септември“, рече тој, според ТАСС.

Андроидниот робот Фердор е создаден во соработка со „Андроид техник“ и Руската фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка на руското Министерство за вонредни состојби.