Компанијата LG го претстави новиот смартфон G7 One, првиот кој го користи оперативниот систем Android One.
Се работи за смартфон со процесор Snapdragon 835, суперсветол 6,1-инчен екран со засек на врвот (1,440p резолуција) и Boombox звучник ист како кај моделот G7 Thinq, како и поддршка за слушалки со Quad DAC аудио технологија.
Меѓутоа, G7 One нема две задни камери, туку само една од 16 мегапиксели (f / 1,6), додека предната камера има 8 мегапиксели (f / 1,9). Уредот доаѓа со 4 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија која може да се прошири преку microSD слотови, односно со помош на microSD картичка. Смартфонот го напојува батерија од 3.000 mAh, а цената на уредот засега не е позната.
LG го најави и G7 Fit, сличен смартфон кој ќе биде нешто поевтин. Овој модел поседува Snapdragon 821 процесор, нешто послаба камера и оперативен систем Android 8.1 Oreo со LG интерфејсот. Задачата на овој уред е “да се пополни јазот помеѓу средните и flagship моделите”.
Паметните телефони ќе бидат претставени на IFA саемот во Берлин оваа седмица.