Како што нивото на морето растe, крајбрежни градови како Мумбаи се во опасност

Секоја година кога монсунските дождови се спуштаат и плимите се издигаат над крајбрежниот Мумбаи, Саиф ја затвора својата продавница за сода на плажата Јуху и се засолнува во шумите. Но сепак, водата навлегува низ покривот, и целосно ги потопува замрзнувачите полни со сладолед.

За 36-годишниот Саиф, хронично поплавување на крајбрежните мега-градови е стресно. “Што ќе се случи ако дојде премногу вода?”, прашува Саиф, кој, како и многумина во Индија, има едно име. “Можев да се разбудам со тоа”, додава тој.

Во минатогодишните поројни поплави загинаа најмалку 14 лица во Мумбаи, а во јули 2005 година, кога метар дожд падна во еден ден, поплавите го чинеа градот околу 1,7 милијарди долари отштета.

Кога овие поплави се повлекоа по два дена, повеќе од 1.000 луѓе загинаа од давење, се случија лизгање на земјиштето и многу други несреќи поврзани со поплави во Мумбаи и околните области. “Што можеме да направиме?”, прашува Саиф.  “Кој може да победи против природата?” вели тој.

Ваквите прашања стануваат се почести во крајбрежните градови каде што има зголемен ризик од поплави предизвикани од климатските промени. Климатските промени ги зголемуваат нивоата на морето, истовремено создавајќи бури и поројни дождови во некои места.

За густо населените градови како Мумбаи – финансиското срце на Индија, најбрзо растечката економија во светот – овие ризици се закануваат дека ќе ги фрлат личните примања и националните економии во хаос.

“Предизвикот е да ги натераат луѓето да се подготват за ризик што се уште не можат да го видат”, вели Стефан Халегата, водечки економист во Глобалниот фонд на Светската Банка за намалување на катастрофи и обновување при Вашингтон.

“Многу мали промени во нивото на морето можат да имаат огромно влијание врз крајбрежните населени места”, додава тој.