Подбрендот на Xiaomi, Redmi официјално ги претстави Redmi K20 и Redmi K20 Pro телефоните, кои пристигнуваат под мотото “Flagship Killer 2.0”. Двата смартфона имаат 48 MP главни камери на задната страна, OLED панел и сензор за отпечатоци под екранот, како и издигнувачки pop-up селфи камери. Стандардниот K20 модел го користи Snapdragon 730 чипсетот, додека K20 Pro го покренува Snapdragon 855.

Дијагоналата на екранот на двата телефона изнесува 6,39 инчи, имаат Full HD+ rezolucija и 19.5:9 однос на страници. Snapdragon 855 чипсетот е веќе претходно навестен, а сега знаеме дека K20 Pro ќе има и 6GB/8GB RAM и 64/128/256 GB простор за складирање.

Главната камера од 48 мегапиксели на задната страна на K20 Pro го користи Sony IMX586 сензорот, а ја следат 13 MP секундарна камера со ултраширок објектив и 8MP телефото сензор. Претходно веќе дознавме дека камерата е способна за 960fps slow-mo видео снимање. Предната камера, сместена во pop-up механизмот има 20MP сензор и користи вештачка интелигенција за работа.

Новиот Redmi K20 Pro користи 4000mAh батерија, со опција на брзо полнење до 27W. Во текот на презентацијата беше сугерирано дека K20 Pro за минути се полни до 50 проценти, додека до врв може да се наполни за 74 минути. Телефоните ќе имаат и Game Turbo 2.0 поддршка, која ги алоцира ресурсите за гејминг. Режимот имплементира и паметен свич за префрлање од Wi-Fi на 4G мрежите.

Стандардниот Redmi K20 со својот чипсет Snapdragon 730 е само втор телефон на пазарот кој го имплементира овој 8 nm чип на компанијата Qualcomm. Иако има ист дисплеј и систем на камери како Pro моделот, K20 користи Sony IMX582 сензор. Батеријата е со ист капацитет, но со опција на полнење од 18W.

Redmi K20 пристигнува во црвена и сина боја, во варијанти со 6GB RAM и 64GB простор за складирање, односно 6GB RAM и 128GB интерна меморија.

https://youtu.be/wm7IWLNmqWk