Microsoft продолжува да работи на подобрувањето на апдејтирањето на Windows 10, а дел од напорите на компанијата се и новиот тип на квалитетно апдејтирање кое ќе биде претставено со Redstone 5 October 2018 апдејтот.
До 12 февруари 2019, Microsoft исто така ќе понуди и делта апдејтирање, кое вклучува промени на начинот на апдејтирање за разлика од претходното, обезбедувајќи апдејтирани системи со помали пакети, кои можат брзо да се инсталираат.
За апдејтирањето да биде навистина брзо, Microsoft со Redstone 5 ќе претстави нов тип на апдејт, кој ќе води сметка за три промени: да биде помал по големина, да може да се редистрибуира и да биде полесен за управување. Новите апдејтирања ќе продолжат да се испорачуваат преку Windows Update, а компанијата исто така истакнува дека ќе понуди и низа други подобрувања.