Пустинскиот песок кој доаѓа од Сахара влијае на климата – некогаш лошо, а некогаш позитивно. Понекогаш, пак, она што се случува на илјадници километри оддалеченост може да влијае на тоа какво ќе биде времето на сосема друго место, а тоа е видливо во случајот на Мексиканскиот Залив.
Едно ново истражување покажало дека разорната сила на ураганите во овој дел на светот е намалена токму благодарение на песокот од Сахара. Во истражувањето објавено во Journal of Climate, група истражувачи го споредила влијанието на песокот од Сахара над температурите на океаните и однесувањето на времето. Сахарскиот песок веќе рутински дува преку Атланскиот океан и голем дел од него завршува во Мексиканскиот залив.
Освен тоа што тој завршува на бреговите на плажите, пустинскиот песок ја блокира сончевата светлина и поприлично го разладува океанот. Ладниот океан значи и помалку енергија за нивните струи, што доведува до послаби урагани. Честиците од песокот, оние кои ја спречуваат сончевата светлина да помине до океанот, се загреваат и доведуваат до потопла атмосфера и благи временски промени.