Јапонското вселенско летало Хајабуца2 пристигна до астероидот Ријугу, каде што наскоро ќе слетаат две помали летала.
Јапонската Агенција за Истражување на Вселената потврди дека леталото пристигнало до својата цел и дека тимот од научници во моментот ги избира точките каде што ќе слетаат сондите.
Две дополнителни летала ќе се одвојат од Хајабуца2 и ќе слетаат на астероидот, со што првото летало ќе носи со себе два ровера (роверите наместо со гуми се движат со скокање по површината, слично како кенгурите), опремени со камери и други инструменти.
Второто летало е всушност превртувачки ровер (наместо со гуми се движи со валкање по површината), кој ќе ја истражува површината за да го пронајде совршеното место каде што ќе слета Хајабуца2. Леталото треба да земе примероци од површината на астероидот и во 2020 да ги донесе назад на Земјата за дополнителни испитувања.
Поврзани артикли