Белградскиот тим AXE-R го направи најатрактивниот персонален компјутер на светот, кој на онлајн натпреварувањето “CMWS 2018” го освои првото место во апсолутно најтешката категорија “Scratch Build”, пренесува B92.

Компјутерот на белградскиот тим е прогласен за најдобар, како според одлуката на стручното жири, така и според гласовите од публиката.

Творци на компјутерското чудо од Србија се Душан Србијак, главен и одговорен уредник на порталот PCAXE, и Немања и Ненад Ѓорѓевиќ, експерти во модување на хардвер.