Археолозите во Египет ги открија тајните на мистериозниот антички “проколнат“ саркофаг од црн гранит. Огромниот ковчег, кој неодамна беше ископан во Александрија, содржи три скелети и златни прекривки со коскени остатоци. Гробот датира од Птоломејскиот период помеѓу 305-та и 30-та година пред нашата ера.
Египетското министерство за антиквитети соопштило дека премилинарните резултати го одредиле полот и возраста на скелетите. Еден од нив и припаѓа на жена на возраст од 20 до 25 години, додека другите два скелета се машки – еден на возраст помеѓу 35 и 39 години, а другиот на возраст помеѓу 40 и 44 години.
Мистеријата околу саркофоагот се појави заедно со неговото ископување претходниот месец, а според The Independent, египетските власти ги отфрлија тврдења дека неговото отворање ќе значи и “ослободување на проклетство“.