Унизерзална вакцина за грип што ги заштитува луѓето од повеќето видови на вирус е еден чекор поблиску до реалноста.
Универзитетот за медицина на Пенсилванија оваа недела ја претстави новата вакцина, наречена хербаглутинин, која предизвикува силен одговор на антителата кон структурата на повеќето вируси.
И покрај широко распространетата употреба на сезонски вакцини, вирусите на грип во светот секоја година предизвикуваат стотици милиони инфекции, од кои милиони хоспитализации и стотици илјади смртни случаеви.
Ново опишаната вакцина има потенцијал да се развие во универзална вакцина против грип, која – за разлика од тековните сезонски вакцини против грип – може да се даде неколку пати во текот на целиот живот за да се обезбеди заштита слична како кај тетанус вакцината.
Поврзани артикли