Гејмерите кои сакаат монитор на највисоко ниво, но не се доволно финансиски потковани за Alienware, треба да ги разгледаат претстојните модели на Dell. 24-инчниот FHD и 27-инчниот QHD се монитори со прилично високи стапки на освежување – 144Hz и 155Hz соодветно – и response time од 1ms, што значи непречено играње и минимално задоцнување.
И двата се прилагодени за гејминг, па поврзувањето на повеќе монитори е беспрекорно и можете да заштедите до три кориснички дефинирани профили, а поддршката за AMD FreeSync значи дека можете да играте без да ја имате опцијата за брзо освежување на вашиот хардверски систем. Дополнително ќе добиете edge-to-edge гејмплеј, со 3,68 милиони пиксели (на 27 инчи), што е речиси два пати повеќе од Full HD. И двата модели ќе се пуштат во продажба на 28 август, почнувајќи од 320 долари за 24-инчниот и 550 долари за поголемиот модел.
Поврзани артикли