После 75 години е пронајден задниот дел на американскиот воен брод Абнер Рид заедно со остатоците од 71 морнар.
Тим од истражувачи, користејќи нова технологија за скенирање на океанското дно, го пронајдоа трупот од овој брод решавајќи мистерија стара 75 години.
Досега се веруваше дека воениот брод бил потонат на 18. август 1943. година од Јапонска или Германска подморница, но сега се откри дека бродот всушност налетал на Јапонска морска мина која што направила доволно голема експлозија за веднаш да го потоне бродот без да му даде шанса на морнарите да се спасат.
Истражувачите најавија дека ќе продолжат да го скенираат океанското дно со надеж дека ќе успеат да решат други мистерии изгубени во длабочините.