Експертите за безбедност од компанијата Kryptowire откриле 47 пропусти во фирмверот и апликациите на популарните Android-смартфони.
„Дупки“ во системот се присутни во најмалку 25 модели на уреди, велат експертите. Некои од пронајдените пропусти може да доведат до дефекти, што ќе им овозможи на напаѓачите да добијат root пристап до уредот.
Најопасните грешки им даваат на хакерите способност да испраќаат СМС пораки од хакиран телефон, да фотографираат и да снимаат слики од екранот, да извадат листа со кориснички контакти и тивко да инсталираат какви било програми.
Грешките биле констатирани во уреди на телефони од средната и ниска класа на Vivo, SKY, Plum, Orbic, Oppo, MXQ, Leagoo, Doogee и Coolpad, но исто така има и сериозни слабости во некои од популарните модели на брендови од висока класа. Од Kryptowire како ранливи ги посочија LG G6, Sony Xperia L1, Nokia 6 и ASUS ZenFone 3 Max.