Една од големите предности за користењето на веб-базирана верзија на YouTube кај преносните и десктоп компјутери е можноста за гледање на видео, додека работите нешто друго на компјутерот.

За жал, досега кај преносните уреди, ова беше достапно само за платените претплатници во одредени региони. Кон средината на минатата година, сепак YouTube започна да го проширува режимот „picture-in-picture“ (слика во слика) за корисниците во САД, кои немаат платена претплата.

Сега изгледа оваа можност започнува да се појавува и во други земји, откако засега има индикации за тоа само во Италија. Сепак, на страницата за поддршка на Google сè уште има информации дека функционалноста е достапна само во САД.