Компанијата Sony неодамна објави навистина неверојатна вест за оваа компанија, а тоа дека нивната конзола од линијата PlayStation досега е продадена во преку 500 милиони примероци.
Првиот Sony PlayStation се појави на 3. декември 1994. година и оттогаш Sony доминира како една од водечките компании на полето на домашни гејминг конзоли, што особено е нагласено со оваа генерација на конзолата.
PlayStation 4 од појавувањето до денеска е продадена во 82 милиони примероци и прашање на ден е кога ќе ги надмине Xbox 360 и PlayStation 3, кои се продадени во околу 84 милиони примероци.
По повод јубилејот од над половина милијарда продадени PlayStation уреди, Sony претстави лимитирана линија на единствени PlayStation 4 Pro конзоли кои носат една јасна порака во своето име 500 Million Limited Edition.
Уредот ќе биде произведен во само 50.000 примероци и ќе се продава по цена од 500 долари, а на пазарот ќе се појави на 24. август.
Oваа едиција има навистина убав изглед со проѕирни елементи во металик тамно сина боја и златни ознаки, кои на целиот пакет му даваат навистина врвен изглед. Покрај овие естетски елемени, оваа лимитирана едиција пристигнува и со 2 TB хард диск, и со стандардниот пакет на квалитетен хардвер кој се наоѓа во PS4 Pro.
Поврзани артикли