Интернет сообраќајот на Facebook продолжува да опаѓа и оваа социјална мрежа е во ризик да го загуби второто место на листата на најпосетени страници, се наведува во новата анализа.
Според наводите на американскиот портал Fortune, во последните две години сообраќајот на Facebook од 8,5 милијарди посети падна на 4,7 милијарди.
Иако на прва звучи како лоша вест со оглед на тоа дека компанијата се бори со бројните критики поради проблемите со приватноста на корисниците и другите контроверзи и има проблеми со падот на цената на акциите, причината за падот напосетите е успехот со мобилните апликации кои се повеќе се користат.
Платформите на Facebook, Instagram и Messenger бележат раст во веб сообраќајот. Па така, корисниците на Instagram на Android поминуваат 56 минути дневно, за разлика од минатата година кога тој просек изнесуваше 27 минути.
Сепак, кога се во прашањев веб посетите, се е поизвесно дека YouTube ќе го симне Facebook од второто место. YouTube достигна бројка од 4,5 милијарди месечни прегледи.