Токио е прв на листата на најиновативни градови на светот, оставајќи ги зад себе Лондон и Њујорк. Главниот град на Јапонија бележи забрзани технолошки промени од пред три години кога влезе на листата на десет најиновативни градови.
Годинава Токио е еден од трите града во Азија кои што се најдоа на листата.
,,Не изненади напредокот на Токио кој ги надмина градовите како што е Бостон”, изјавија од истражувачкиот центар кој ја објави годишната листа на најиновативни градови во светот. Според нив, Токио ги прифатил новите смарт технологии и иновации, како што се роботиката и 3Д производството, со тоа градејќи репутација на земја која рано ги усвоила новите технологии.
Истражувачкиот центар 2thinknow рангира градови според 162 индикатори вклучувајќи ја интернет цензурата, распределбата на богатството и можноста за т.н. зелен бизнис.
Во првите пет градови на листата се Сан Франциско и Њујорк, но високо котираат и помалите американски градови како Сан Диего, Портланд и Аукланд.
Лондон е на второто место, веднаш зад Токио, а годинава на високи позиции на листата се и Сингапур, Сиднеј и Сеул.