Google повлекува 145 “заразени“ апликации од својата Play Store продавница од кои поголемиот дел носат и по две датотеки со вируси, пишува EWeek.
Станува збор за апликации што не го напаѓаат Android, туку Windows системот, па оттука и објаснувањето зошто “филтерот“ на Google, Play Protect, ги нема забележано. Овие апликации впрочем не му наштетуваат на телефонот, но доколку корисниците ги поврзат смартфоните со своите компјутери, тие може сериозно да му наштетат на компјутерот.
Palo Alto Networks, компанија за софтверска заштита, којашто прва ги дијагностицирала и пријавила проблемите, објаснува дека некои од изворите од каде што вирусите се прошириле може да бидат и компјутери на развојни програмери кои и самите биле заразени, а потоа преку апликациите овие вируси се прошириле и на компјутерите на корисниците.
Некои од заразените апликации се следниве: Learn to Draw Clothing, Modification Trail, Gymnastics Training Tutorial, Baby Room, MotorTraiL, Tattoo Name, Car garage, Japanese Garden, House Terrace, Skirt Design, Yoga Meditation, Shoe rack, Unique T-shirt, Mens Shoes, TV RuanG TaMu, Idea Glasses, Fashion Muslim, Bracelet, Clothing Drawing, Minimalist Kitchen, Nail Art, Ice cream stick, Roof, Children Clothes, Home Ceiling, PoLa BaJu, Living room, Bookshelf, Knitted Baby, Hair Paint, Wall Decoration, Painting Mahendi, Bodybuilder, Couple shirts, Unique Graffiti, Paper flower, Night gown, Wardrobe Ideas, Dining table, Gymnastics, Use Child, Window Design, Hijab StyLe, Wing Chun, Fencing Technique.
Поврзани артикли